Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со полициски службеници од Одделението за полиција при СВР Битол,а во селата Гермијан, Бач, Скочивир, Рибарци, Брод и Гнеотино од Општина Новаци одржаа работен состанок чија што цел беше разгледување на безбедносната состојба и степенот на загрозеност на шумите од пожари, потоа мерки за поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, примарно преку зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти и други мерки за поефикасна заштита од пожари.Исто така, на ссредбата со населението беше разговарано и за начините за спречување на случаите за бесправно сечење на шума. Со присутните беше разговарано и за безбедноста во делот на имотните деликти, односно измамите, како и за нарушувањата на јавниот ред и мир, посебно од страна на малолетници и начини на заедничко дејствување со цел зголемување на безбедноста и взаемна доверба, намалување на прекршоци и други кривично правни настани. Граѓаните беа информирани и за казнените законски одредби по однос на предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, како кривично дело за кое сторителите се санкционираат

Полицијата започна со превенција за “Заштита на шумите од пожари“, граѓаните информирани и за казнените законски одредби
More from ВестиMore posts in Вести »
- 7 дневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на угостителски објекти, секој инволвиран ќе одговара – одлуки на Владата
- Кошаркарите на Пелистер со тешка и заслужена победа против Чаир до трето место на табелата
- Победа на Пелистер на Чаир и три бода носи во Битола за мирна пролет
- Кошаркарите на Пелистер вечерва гостуваат во Чаир, почнуваат битка за подобат старт во плеј-офот
- Протест за дислокација на регионалната депонија (фото)