Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 19 годишен битолчанец украл товарно возило “форд транзит“ полицијата го уапси

На 16.03.2025 на патот Прилеп – Битола, кај бензинска станица во село Беровци, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола лишиле од слобода 19 гпдошник од Битола.

Тој се сомничи дека во периодот од 14.00 часот на 15.03. до 15.30 часот на 16.03.2025 одзел товарно возило „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Битола, а кое било паркирано пред седиштето на фирмата на ул. „Иљо Џаконовски” во Битола.

Возилото било пронајдено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »