-„Вистината за Македонија“ или таканаречените „бомби“, беа пуштени пред 10 години, кога тогашната опозиција СДСМ предводена од Зоран Заев, кој подоцна стана премиер, во јавноста пушти прислушувани телефонски разговори помеѓу тогашни високи функционери. На ден 8 април 2015 година во Битола беше објавена тогаш 19. по ред бомба, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
СДСМ во Битола на прес-конференција беа објавени снимки од телефонски разговори за кои се тврдеше дека покажуваат партиски вработувања, сомнителни финансиски трансакции и повреди на процесот на лустрација. Во Битола опозицијата ја презентираше деветнаесетта „бомба“, а пресот го водеше Васко Ковачевски, тогашен претседателот на Општинската организација на СДСМ.
Попладнето голем број битолчани излегоа на улиците и заедно со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, маршираа за враќање на, како што велат од СДСМ, вистината и слободата. Маршот заврши на Широк Сокак, каде се обрати претседателот на СДСМ, Заев, како и претседателот на ЛДП Горан Милески и потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацоски.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев меѓу другото рече дека она што го поседуваат се докази и аргументи, за кои како што изјави, ќе им помогнат на граѓаните да се врати слободата и демократијата во Македонија.
На ова реагираше ВМРО ДПМНЕ со обвинувања дека, како што е наведено, опозицијата продолжувала со сценариото за дестабилизација со кое им наштетува на интересите на Македонија и на граѓани.

Деновиве пред 10 години: во Битола се емитуваше 19. по ред “бомба“ на тогашната опозиција (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










