Еурофарм Пелистер од Битола само по неколку минути по старот на продажбата на влезниците за вечното ракометно дерби објави дека се продадени сите влезници за вечното ракометно дерби против Вардар 1961, кое ќе се одигра во рамките на петтото коло од суперлигашкиот плеј-оф, во четрток во 18 часот.
„Зелено-белите“ ќе имаат огромна поддршка од препоплната сала „Боро Чурлевски“, а тоа значи дека Вардарци ги очекува пеколна атмосфера и голем притисок од трибините во Битола, односно битолскиот ракометен пекол ќе биде дочек за Вардар.