Во Битола, поточно на Шисорк Сокак, од кучиња скитници се искасани две мали деца, едното на неполни две години, а другото на осум години, и тоа се случи на плоштадот “Магнолија“. Двете се здобија со тешки телесни повреди на лицето и затоа завршија на Клиничка болница во Битола.
Нападите над децата се случија на 13 април и 20 април, едното заврши со повреди на челото, а другото задоби повреди на устата, образот и брадата.
По немилите настани, денес се одржа вонреден состанок на претставници од прифатилиштето за улични кучиња “Хачико“, ветеринарните клиники и Агенцијата за храна и ветеринарство каде се зборувало за сите законски можности и начини со кои кучињата безбедно ќе се отстранат од улица и ќе се сместат во прифатилиштето.
Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола издаде соопштение за одржан вонреден состанок на прифатилиштетот „Хачико“, со ветеринарните клиники и Агенијата за храна и ветеринарство, во кое се вели:
-Во текот на изминатите две недели бевме сведоци на неколку немили настани предизвикани од напад од бездомно куче, кои не потресоа сите нас и целата битолска јавност и покрај сите заложби на прифатилиштето да дејствува согласно законските прописи.
На денешниот состанок ги разгледавме сите законски можности и начини со кои кучињата безбедно ќе се отстранат од улица и ќе се сместат во прифатилиштето, но за жал, согласно законот во ваквото делување сме премногу ограничени. Согласно законските регулативи, доколку кучето излегло од процесот на стерилизација и кастрација и социзализација, а не предизвикало штетен настан прифатилиштето нема законска можност да го залови повторно истото куче.
Во соработка со инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство и ветеринарните клиники, денес беа донесени следните насоки за постапување:
-Повторно заловување на кучината од критичните локации од пријавите со цел заштита на граѓаните;
-Заловување и времено чување на кучињата во прифатилиштето од центарот на градот (Широк Сокак, Градски парк, Саат кула, Офицерски дом) заради зголемениот број на туристи кои ќе бидат присутни во периодот што следи;
-На иницијатива на градоначалникот воспоставување на зголемена координација со СВР Битола, за зголемени контроли на критичните точки каде постои сомнеж дека се испуштаат кучиња од околните населени места или општини.
Во периодот од отворањето на прифатилиштето, процесот на стерилизација и кастрација го имаат поминато повеке од 200 кучиња што преставува повеке од 25% од вкупниот број. Но, согласно законските прописи, доколку заловеното куче не се вдоми, а не предизвикало штетен настан, обврзани сме истото да го вратиме на локацијата од каде е заловено“ стои во соопштението испратено до медиумите.