Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Министерството за образование и наука и Министерството за спорт при Владата на Македонија во Прилеп се одржа завршниот финален “фајнл фор“ турнир на најдобрите четири ракометни екипи од сите средни училишта во нашата држава.
Покрај Гимназијата “Јосип Броз Тито“ – Битола, останати училишта кои обезбедија пласман беа СОУ “Мирче Ацев“ – Прилеп, СОУ “Гоце Делчев“ – Куманово и СОТУ ‘Михајло Пупин“ – Скопје.
Екипата на битолската Гимназија во полуфиналниот натпревар беше подобра од екипата на кумановската Гимназија и извојува победа од 10 гола разлика. Во вториот полуфинален натпревар победник беше екипата на прилепската Гимназија во далеку понеизвесен натпревар со еден гол разлика.
Финалето беше помеѓу домаќинот Гимназијата “Мирче Ацев“ – Прилеп и Гимназијата “Јосип Броз Тито“ – Битола. И на овај финален натпревар нашите ракометари надмоќно забележаа победа со резултат 17:23.
-Овај настан е најголема манифестација на училишен спорт во Р. Македонија. За да се игра на една ваква завршница финален “фајнл фор“ турнир претходно ракометната екипа на битолската Гимназија одигра 8 натпревари и беше победник на сите и тоа на Општинско првенство, Зонско првенство, Регионално првенство па се стигна до тутулата шампион на Државно првенство, истакна Михајло Силјанов од Горната Гимназија од Битола.