Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола годинава го одбележува Денот на своето основање, 25 април, под инспиративното мото „Корени и крилја“. По тој повод, УКЛО организира традиционален Отворен ден, наменет пред сè за средношколците, со цел да се прикажат придобивките од студирањето и активната улога на Универзитетот во рамки на КОЛОРС Алијансата.
Настаните ќе се одвиваат во духот на поврзување на академското наследство со визијата за иднината, а посебен акцент е ставен на меѓународната соработка. Во Битола ќе гостуваат проф. д-р Хаике Траутман, новоизбрана претседателка на КОЛОРС Алијансата од Универзитетот во Падерборн, Германија, како и директорката на Алијансата, д-р Анете Клинкерт.
Со нивното присуство, Универзитетот испраќа силна порака за значењето на интернационализацијата и заедничкото градење на европски образовен простор.
УКЛО упати јавна покана до сите пријатели, а особено до идните студенти – средношколците, да се приклучат на Отворениот ден и заедно да го прослават патот на УКЛО: од длабоки корени до амбициозни крилја.
Настаните започнуваат денеска на 24.4.2025 на три локации: Ректорат / Широк сокак/ СИЦ, со богата агенда:
-Историски час за Македонското научно друштво-Ректорат
-Промоција на доктори на науки -Ректорат
-Колаборативна мобилна зона на Широк Сокак (Кино Манаки) и
-COLOURS работилници во CoSpace колаборативниот простор во Студентскиот информативен центар
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола годинава го одбележува Денот на своето основање, 25 април, под инспиративното мото „Корени и крилја“. По тој повод, УКЛО организира традиционален Отворен ден, наменет пред сè за средношколците, со цел да се прикажат придобивките од студирањето и активната улога на Универзитетот во рамки на КОЛОРС Алијансата.
Настаните ќе се одвиваат во духот на поврзување на академското наследство со визијата за иднината, а посебен акцент е ставен на меѓународната соработка. Во Битола ќе гостуваат проф. д-р Хаике Траутман, новоизбрана претседателка на КОЛОРС Алијансата од Универзитетот во Падерборн, Германија, како и директорката на Алијансата, д-р Анете Клинкерт. Со нивното присуство, Универзитетот испраќа силна порака за значењето на интернационализацијата и заедничкото градење на европскиoт образовен простор.