Еурофарм Пелистер – Радовиш 50:28 (25:10)
Екипата на Еурофарм Пелистер запиша лесна победа над Радовиш 50:28, во финалниот натпревар од четвртфиналната група која денес се играше во Битола и се пласира на завршницата од ракометниот Куп на Македонија.
Избраниците на Алонсо добија два меча иако Еурофарм Пелистер комбинираше и ротираше на овој меч и шанса добија сите ракометари.
Домаќинот излезе со комбиниран состав и победата ја најави уште во првите 30 минути. Избраниците на Алонсо на пауза заминаа со предност од 25:10 и рутински го одработија вториот дел.
Најдобар стрелец кај победникот беше Павле Петровиќ со осум гола, пред Жарко Пешевски со седум гола, додека Дејан Манасков погоди шест пати.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во првиот натпревар од втората четвртфинална група во Купот на Македонија и лесно го совладаа тимот на Куманово со конечни 43:30, полувреме 22:14.
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2401″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”imagedate”]










