Press "Enter" to skip to content

Младинците на Еурофарм Пелистер го дознаа ривалот за полуфиналето во ЛШ, тоа е ГОГ Гудме

Младинците на Еурофарм Пелистер од Битола го дознаа ривалот за полуфиналето на Лигата на шампионите. Битолчани со триумфот на турнирот во Букурешт каде ги доби домаќинот Динамо и полски Киелце избори пласман на Ф4 во Келн каде ќе учествува на 14 и 15 јуни.

Денеска „зелено-белите“ го добија противникот, а тоа е ГОГ Гудме од Данска, состав кој пак славеше на турнирот што беше одржан во Берлин каде ги надигра Магдебург со 38:36 и Фуксе Берлин со 40:33.

Второто полуфинале е меѓу Барселона и Веспрем.

Дополнително ќе се знае сатницата на овие средби во „Ланксес Арена“ во Келн.

More from СпортMore posts in Спорт »