Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер попладнево информира дека постигна договор за продолжување на соработката со дефанзивецот, српскиот интернационалец, Илија Абутовиќ. Тој и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на тимот.
Илија Абутовиќ кариерата ја започна во Спартак Суботица, а има настапувано и за Партизан и Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум годиним од каде продолжи во Бундеслигата, во клубот Рајн Некар Левен. Во Битола дојде од Шартр.









