Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во Битола од Беса во последното коло, сезоната ја заврши на 6. место (фотогалерија)

Пелистер – Беса 1:4 (0:2)

Фудбалерите на Пелистер се поразени во Битола убедливо од гостинска екипа Беса во последното 33. коло во ПМФЛ, од тимот на Беса која ја предводеше Горазд Михајлов со резултат 1:4, полувреме 0:1.Резултатски натпреварот беше отворен со голот на Арлинд Алими во 14. минута по дефанзивна грешка. Следуваше обид на “пелистерци“ за израмнување, а најзрелата шанса ја имаше Љамчевски кој нафрли од слободен удар, некој во гужвата ја допре топката и таа заврши во рамката од голот, а одбиената Захов ја исфрли преку пречката. Наместо гол за реми “падна“ гол за 0:2, Ремзифаик Селмани излета пред голот и реализира  во 26. минута, а со тој резултат се отиде на одмор.Второто полувреме започна со нов гол на Беса за 0:3. По еден прекин Фетаи дојде до шанса, а по одбрана на Јовчевски топката во голот ја смести Арсим Љамалари во 49. минута.Пелистер негативата од -3 ја намали преку Захар Тарасенко кој во 63. минута го матира Захов за 1:3. Шанса за гол и намалување на 2:3 имаше Такахара, но неговит прецизен удар гостинскиот голман го одбрани и топката заврши во корнер.Точка на победата и 1:4 стави Хисар Али,  во 75. минута.По 33. кола и крај на сезоната екипата на Пелистер има освоено 39 бода и завршува на 6. место. Пелистер победи на 10 натпревари, 9 одигра нерешено, а е поразен 14 пати. Гол разликата на Пелистер е -12, постигна 26, а прими 38 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »