Прекрасниот месец мај месец на матурски прослави во Битола е месецот кога учениците прославуваат крај на средношколските денови и продолжуваат во нов период од својот живот.Неколку месечните подготовки за тоа како ќе се биде облечен каква фризура ќе се има завршуваат со матурска прослава. Оваа година матурската прослава на гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола се одржа во “Гранд Премиер“.
Матурантите, од октомври, идните академски граѓани ги заборавија неколку месечните грижи за фустанот, костукот, шминката, кошулата и вратоврската, фризурата и се упоштија, колку што можеа пред да влезат во ресторанот каде ќе ја поминат незаборавната матурска ноќ, последна во ваков состав, со другарите и другарките од средно.
Секој на различен и креативен начин пристигнуваа со своите партнери, другари, роднини, онака како што и беа доворени, а се догаваат долго и темелно.
Матурската ноќ е момент, дел од животото, и овие моменти мора да се овековечат, се направја илјадници селфи фотографии, тука беше екипата на “Дримкаст“ која со матурантите се дружи некокли месеци, договарање, фото за табло, фото за спомен, фото за споменарот, а денес фото од матурската вечер.
А, Аце, Цавиро и останатата екипа стрпливо, професионално се погрижија секој да има од оваа вечер барем едно туце фотографии.Вообичаено е орото пред објектот за прослава, а следува и церемонијалното влегувањето преку црвениот килим, а потоа се приклучуваат и професорите, со кои поминаа четири значајни години од животот.
Матурантите, нивните другари и другарки, родители, роднини… го направија патот од “Довлеџик“ кон Пелистер непрооден, а се помина во најдобар ред, немаше нервозни возали, немаше “седење на свирка“, пцости, бидејќи сите знаеја дека има матура…
Матурантите продолживаат со својата забава во “Голд Фелиција“, а од таму традицинално се упатуваат во училишниот двор на Гимназијата каде што емотивно се збогуваат од нивните професори, соученици и училиштето.
Жанета Ристевка