Press "Enter" to skip to content

Димитар Капинковски: шансите за позитивен резултат се исти кај двете екипи

Фудбалерите на Пелистер од Битола  и во второто коло ќе гостуваат, а овој пат ќе играат против екипата на Брера во Струмица во рамките на Првата македонска фудбалска лига. По поразите на Пелистер и Брера во првото коло, двете екипи ќе ги “бркаат“ првите прволигашки бодови. 

Тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски, пред денешниот натпревар вели:

-Првенството е на самиот почеток. Генерално, сите екипи, освен оние што имаа настапи во Европа, сè уште се компонираат и ги играат своите први натпревари. Поради тоа сметам дека барем на стартот шансите за позитивен резултат се 50/50%. Ние, како ФК Пелистер, на секој натпревар се подготвуваме максимално, без разлика на противникот, и секогаш ќе се стремиме кон позитивен резултат. Преодниот рок трае до 7 септември и останува можноста да донесеме играч кој би придонел за реализација на зацртаните цели.

Средбата меѓу Брера и Пелистер се игра в понеделник во терминот од 17:00 часот. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »