Во библиотеката на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ по повод празникот посветен на просветителот Свети Климент Охридски беше пригодното отворена изложбата на фотографиии на ученичката Марија Ќурчиевска. Станува збор за дваесетина експонати, која младата авторка ги снимила на различни патувања кои се изложени и наидоа на голем интерес кај учениците во Гимназијата.
-Фотографиите на изложбата се фотографирани на места кои што јас ги имам посетено и сите имаат сопствена приказна и свое значење. Архитектурата е онаа која ме привлекува и затоа во овие фотографии се прикажува само таа. Секој би рекол дека спомените се бришат, но тука се фотографиите кои остануваат. Вкупно имам 20 слики во мојата изложба, ни рече Марија Ќурчиевска.
Инаку, Марија Ќурчиевска е матурантка во гимназијата “Јосип Броз Тито” во Битола и е член на фото-клубот “Стеван Стив Наумов“, каде научила доста за фотографијата и техниките, како додава таа, за да се дојде поубаво фото-дело.
-Талентот, соништата и желбите се двигателот на мојот успех. Од мала ме привлекувало фотографирањето бидејќи тоа е дел од моето семејство. Тоа ми стана хоби, а веќе имам големо искуство и тоа го покажувам преку мојата изложба. И за крај сакам да додадам дека фото-апаратот го сметам како свој најдобар другар, бидејќи без него не одам никаде. Едноставно секој спомен сакам да остане не само како визија туку и како дело што ќе го прикажувам, вели Марија.

Фото-изложба на Марија Ќурчиевска во Горната гимназија (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)





