-Денес во во канцеларијата на Пелистер Волеј, двете супер засилувања Алина Жевлакова од Белорусија и Шајник Мек Ги од САД ги потпишаа договорите со што го официјализираа својот едногодишен престој во Битола.
Големото засилување Алина пристигна на 31 минатиот месец, додека вчера пристигна и мега популарната Шај, а тие уште од првиот свој ден се приклучија на битолскиот суперлигаш.
Претходно двете странски засилувања на Пелистер направија мала обиколка на Широк Сокак со дел од своите соиграчи од тимот.
Во недела екипата на Пелистер заминува во Србија, а предвидени се контролни натпревари секој викенд до крајот на месецот, а на 20 и 21 септември Пелистер го организира својот годишен турнир на кој свое учество ќе земат една екипа од Србија како и два македонски прволигаши.
Од Пелистер најавуваат и промоција на екипата која треба да се случи кон крајот на идната недела за што дополнително ќе излезат со свое официјално соопштение.
Од клубот најавуваат и новини кога станува збор за маркетингот во женската одбојка во Македонија, онака како што доликува на еден спортски колектив.










