Вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола со почеток во 19,30 часот ќе се одигра најновата премиера на “Солза и Смеа“, “Женски бенд Пуфли“.
Оваа најнова претстава ќе биде урнбесно кабаре шоу, а актерите ветуваат претстава со многу забава, песна и одлепен хумор, и додаваат дека ако оваа премиера би се играла во Скопје би се викала по скопски – “Шмизли“.
-Оваа претсстава е во рамките на одбележувањето на активизмот против насилството врз жените и девојчињата. Во претстава ќе нема машки ликови, а публиката ќе ги види неостварени пејачки кои оформуваат бенд, а сето тоа ќе биде музичка комедија, велат од “Солза и смеа“.






