Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во последна секунда за реми со Алкалоид, “двојката“ победи во Куманово

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 33:33

Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер по голема битка и неизвесност, заврши со нерешен исход, со резултат 33:33, полувреме 15:14.

Првото полувреме мина во блага иницијатива и контрола на домашните играчи. По пет минути игра Алкалоид имаше плус три (7:4). Битолчани во 20 минута од мечот прв пат израмнија, а истото им успеа и во финишот на првиот дела, на полувреме Алкалоид замина со гол предност 15:14.

На стартот на вториот дел Алкалоид  во 37. минута беше 19:15 за избраниците на Кирил Лазаров, а Пелистер возврати и дојде на 19:17.  Во продолжението од мечот, Алкалоид цело време водеше. Во 46. минута резултатот беше 24:22 и 24:23. При плус од еден гол и напад за плус два, Алкалоид загуби топка. Еурофарм Пелистер во последниот напад реализира за реми преку Хосни во последна секунда.

Кај пелистерци најефикасен беше Филип Кузмановски имаше десет гола, Манасков и Хекберт дадоа по шест, а Митревски забележа шест одбрани, со Брестовац и Хеидарирад по една.

Куманово – Еурофарм Пелистер 2 28:30

Еурофарм Пелистер 2 славеше со 28:30, полувреме 12:15 на гостувањето во Куманово во рамките на третото коло од Суперлигата. 

Битолчани уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и на полувреме заминаа со предност од 12:15. Куманово во првиот дел имаше проблем со реализацијата, но во второто полувреме заигра поагресивно и успеа неколкупати да се доближи на минимална разлика. Со тоа Куманово од негатива 23: 27 стигна до 27:28. Пелистер повторно поведе со два гола, а во последните секунди дојде и до победа со +3.

Најефикасни кај “двојката“ беа Белистојаноски и Марковски со седум, а Баптист додаде шест погодоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »