Еурофарм Пелистер соопшти дека сите влезници за утрешниот натпревар против данскиот тим ГОГ Гудме, се целосно распродадени, а во Битола владее голем огромниот интерес кај битолчани за овој важен натпревар.
Се очекува неверојатна атмосфера во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а Гудме ќе биде на мака во салата со единствен ракометен амбиент, а на ова ќе ја додадеме и прославата на 40 години “Чкемабри“.
Победа против ГОГ Гудме би значела нови бодови и нов голем чекор кон осминафиналето, и прво поминување на групната фаза на “пелистерци“.
Утрешниот натпревар го најави словенечкиот ракометар Нејц Цехте кој рече:
-ГОГ Гудме има многу млад тим. Секоја година тие или ги продаваат или ги менуваат постарите играчи. Доаѓаат играчи од нивната академија и сите играат ист ракомет. Брзо играат, но мислам дека тоа во среда нема да им биде доволно. Нашата одбрана се надевам дека ќе спречи нивни лесни голови, да не дозволиме полуконтри и контри. Сакам да ги повикам навивачите, заедно да го прославиме нивниот роденден и со победа да го потврдиме напредокот.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме се игра во среда од 20:45 часот.