Press "Enter" to skip to content

Атанасијевиќ: Да извојуваме победа, а тоа да биде честитка за роденденот на “Чкемабри“

Денес во Битола во рамките на третото коло од групаната фаза од Лигата на Шампиони екипата на Еурофарм Пелистер го пречекува данскиот првак ГОГ Гудме.

Петар Атанасијевиќ вели дека сака нов триумф, овој пат за навивачите „Чкембари“ кои го слават 40. роденден.

-Се подготвуваме максимално. Играме против млада екипа која што игра скандинавски ракомет. Сме се соочиле со такви екипи, и сме минувале и добро и лошо. Ќе го дадеме нашиот максимум, како што беше на натпреварите со Загреб и ПСЖ. Сакаме да извојуваме победа и да ги израдуваме нашите фанови особено „Чкембари“ кои што слават роденден од 40 години. Сите веруваме во чуда и на натпреварите даваме по 200% и секогаш ќе се бориме до крај – до последните минути, рече левото крило на пелистерци. 

Битолчани дома во ЛШ го победија Загреб, додека на гости во второто коло по голема борба загубија од ПСЖ во Париз. 

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме се игра во среда од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ а влезниците се распродадени.

More from СпортMore posts in Спорт »