Еуеофарм Пелистер – Гог Гудме 28:31
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва во Битола загуби вторпат во Лигата на шампионите, откако во Битола беше поразен од данскиот ГОГ Гудме со 31:28. Иако битолчани имаа плус пет во првото полувреме дозволија ривалот да израмни до паузата на 14:14, а лошиот старт на вториот дел беше доволен данскиот состав да направи залиха од три до четири гола, која умешно ја чуваше до крајот, а македонскиот тим само еднаш успеа да намали на минус еден и мораше да се помири со пораз.Битолчани имаат за што да жалат, имаа пад на концентрацијата во финишот на првото и стартот на второто полувреме, па Данците знаеја како да го казнат тоа.
Натпреварот започна со предност на данците, а потоа со головите на Кузмановски и Манасков “пелистерци“ првпат поведоа (3:2).
А следеше минута за “Чкембарите“ и покажување на големиот транспарент преку цела трибина во чест на 40 години навивање во Битола.
Пелистер имаше и водство од два разлика (5:3), а по грешките на гостите беше и 7:4, а потоа и +4 (8:4). Битолчани во два наврати и со пет разлика, последен пат со 10:5. Данците го сменаа нападот, започнаа со “седум на шест“ и тоа вроди со плод. Од 12:8, на пауза се замина со нерешени 14:14.
Серијата на Гог продолжи и во вториот дел, бидејќи тргнаа со три гола и серијата достигна 2:9 за прво водство од 14:17 за ГОГ Гудме. Оваа разлика се одржуваше во продолжението, а потоа гостите поведоа со највисоки 18:22.
Со головите на Манасков “пелистерци“ намалија на -1 (23:24). ГОГ продолжи со гол, а Еуеофарм Пелистер не погоди од два напади по ред, и беше 23:26 на влезот во 53. минута. Манасков го враќаше својот тим на активни -2, а Данците лесно го приведоа мечот кон победа.
Дејан Манасков најефикасен кај битолчани со гола.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска