Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: “Calkin calacanei“ или шилец во пета

“Calkin calacanei“ или шилец во пета е често сретнат термин за синдрон на болка во плантарната основа на стапалоро, поточно во петицата. Тоа всушност претставува таложење на клциумови наслаги во регијата на “Os calcanei” -петичната коска и инсерцијата на плантарната фасција и екстензирните мускули на стапалото како последица на прекумерно оптоварување.

Причини се следни:

-Професии со долго стоење во место, носење високи потпетици, рамни стапала,

-Носење неадекватни обуфки,

-Прекумерна тежина,

Генерално сите фактори генерираат зголемено механичо дразнење кое како одбранбен механизам телото одлага калциум.

Симптомите се најчето се:

-Во почетен стадиум, болка при газење во петата најчесто наутро,која во текот на денот минува.

-Во по тежок стадиум болата е постојана, бола при одење и при извршување на секојдневни активности.

Дијагноза се прави со специјалистички преглед, рентгенска снимка, ехо дијагностика.

Лекувањето започва е со елиминирање на причинителот. Првично одмор, ладни облоги.

Физиотерапија која опфаќа ултра звук,ласер, и поново “Shock wave”ултразвучен ударен бран, претсавува иновативна метода на лекување. Вежби и мануална масажа.  Се препорачува носење на Влошки за пета ,специално за овај тип на проблематика. Во најлоши се препорачува блокада и следно ако не се подобрува оперативен зафат.

Последицата од ова заболување доколу не се лекува навремено е оштетување на други структури во погорните деловиод телото.

More from СоветиMore posts in Совети »