Еурофарм Пелистер – Струга 45:24 (20:16)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола ја забележаа третата победа во Суперлигата, откако рутински и убедливо ја победи Струга со 45:24, полувреме 20:16.
На стартот на средбата во салата „Боро Чурлевски“ битолчани отворија добро и поведоа со 3:1. Стружани со серија од 0:3 и првпат поведоа, а тоа беше и последен пат. Со три гола на браќата Атанасијевиќ “пелистерци“ имаа 9:6. Струга се обиде да направи нешто повече и не успеа, а на полувреме беше 20:16.
Во вториот дел со три гола на стартот беше 23:16, а и потоа предноста продолжи да расте. Двоцифрена разлика (27:17), а потоа “пелистерци“ продолжија да ја зголемуваат предноста. На крајот избраниците на Рубен Гарабаја славеа со најубедливата разлика од 21 гол, а тој не им даде не неколки ракометари поголема минутажа.
Најдобри стрелци кај Еурофарм Пелистер беа Хекберт и Петар Атанасијевиќ, а по седум дадоа Павле Атанасијевиќ и Мирче Калајџиески.