Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 22:25 (11:12)
Ракометарите на Охрид тешко дојдоа до бодови во Битола, против екупата на Еурофарм Пелистер 2, а после многу мака го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со резултат 22:25, полувреме 11:12.
Стартот на натпреваро започна со грешки на “пелистерци“ а тоа донесе 1:4 за гостите, а потоа и највисоко водство 3:7. Потоа младите полека се вратија во игра и започнаа да ја намалуваат предноста, а на полувреме замина со само еден гол разлика 11:12.
Охриѓани по поврорија старттот на натпреварот и на стартот на второто полувреме, а лош момент за Пелистер беше повредата на дотогаш најрасположениеот ракометар Одифред. Потоа Мохамед Азиз ги врати ракометарите на двојката на еден гол минус, на десет минути до крајот на натпреварот (19:20). До крајот подобро се снајдоа ракометарите на Охрид и не дозволија изненадување во Битола.
Кај битолскиот тим Мохамед Азиз постигна девет, додека Одифред шест погодоци.