Билјард играчите од Битола учествуваат во првенството во јуниори и ветерани кои се играат истовремено, а на програмата беше вториот од трите мастерси, кој се одржуа во најголемиот клуб во Македонија, “Гран клуб“ од Скопје, а на програмата беше најиграната во светот дисциплина “9-ка“.Билјард клубот Лонгони беше претставен од Илија Димовски кој во сигурна игра го победи Андреј Ѓурчиновски, водечкиот и во сениорска и во јуниорска конкуренција. На турнир до крајот со оваа победа Илија ја вклучи драмата во јуниорскиот шампионат па судејќи по квалитетот овие двајца играчи меѓусебно ќе си одлучат кој ќе биде победник и овогодишен шампион. Титулата од лани е во рацете на Илија Димовски, па затоа не очекува интересна сезона.
Тони Петровски, в0 конкутенција на ветерани со сигурна и прецизна игра буквално ја прегази конкуренцијата. Со пет чисти победи од кои со две нули и со вкупно шест изгубени фрејма е суверен владетел на овој мастерс. Во финалето Петровски играше против битолчанецот Василевски. Со оваа победа и кај ветераните ќе има драма во третиот завршен мастерс бидејќи со победа на него, Петровски може да е севкупен победник.
Наум Гулески од Битола го заврши натпреварувањето со пласманот во четвртфиналето.
И овој турнир судиска двојка беа Горан Петровски – главен судија и Горан Думевски во својство на помошник.