
Дисторзија на скочниот зглоб или повреда на меките структури на скочен зглоб без оштетување на коските.
Поточно инверзионо – супинаторна-флексиона дисторзија или газење на надворешниот страничен дел на стапалото (тоа е најчеста дисторзија). Честа повреда (25% од сите дисторзии) кај спортисти, рекреативци, но и во секојдневните актиновсти кај луѓето се случува како неправилно газење на ногата.
Повредата е комбинација од лигаментарно, тетивно, капсулна исто се инволвираат мускули при поголема повреда. Поретко се случуваат и скршеници на коски.
Има три степени на повреда:
Степен 1: се истегнуваат – лазија најчесто лигаменти и капсулата, има болка и мал оток. Има ограничување на движењата и болка при газење.
Степен 2: страдаат капсулата, тетивите и лигаментите кој често се појавува делумно накинување. Има болка, топичен оток, делумна нестабилност, и во прво време тешко е газење на ногата.
Степен 3: повреда на лигаметите, тотална руптура или кинење, истегнување на тетиви кој се вклучени во стабилизацијата на зглобот, изразен оток и болка.
Навремено и правилно дијагностицирање е клучно за побрзо решавање на повредата. Многу често оваа повреда се толкува како лесна повреда и често се случуваат рецидиви -повторуванје на истата.
При повреда, повредените најчесто треба да се упатат на специјалистички преглед. Доколку е потребно се прават ехосонографија или рентген снимање за точна дијагностика.
Лекувањето е во зависност од степенот на повредата. И во сите случаи лекувањето е битно да започне веднаш. Денес новите методи (Cyriax) се насочени кон функционално лекување во кое нема место за долготрајни имобилизации (доколку нема фрактури). Долготрајните обездвижувања носат последици од контрактури и артрофија на мускулите на стапалото и подколеницата.
Поставуванје правилна “бадаза“ или во полоши случаи ортоза со гел која потребно е да има мала слобода на движење. Следно е вежби и физикална терапија која е клучна за решавање на повредата на зглобот.
Лимфна дренажа во првите денови од повредата и ладни облоги за намалување на отокот. Другата етапа е вежби за подвижност и зајакнување на мускулите, проприоцептивни вежби. Последна фаза е вклучивање на сложени движења и трчање. Следно е постепено вклучување во спортски активности. Преветивно носење на спортски ортози е препорака кај спортисти.






