Press "Enter" to skip to content

Денес во Библиотеката промоција на “Инклузивна педагогија“ од проф. д-р Марија Ристевска

Климент Охридски“ – Битола и Педагошки факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Ве покануваат на промоција на учебникот „Инклузивна педагогија“ од проф. д-р Марија Ристевска, Педагошки факултет – Битола.

Промотори: проф. д-р Горан Ајдински, редовен професор на катедрата за дефектологија при УКИМ – Скопје и проф. д-р Анета Баракоска, редовен професор на катедрата за педагогија при УКИМ – Скопје.

Промоцијата ќе се одржи на ден 14.12.2018 (петок) во 18 часот, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, (Сала за промоции).

Инклузивна педагогија претставува еден од првите научни текстови од областа на педагогијата кој дава објаснување и научен осврт за лицата со попреченост, како и за инклузијата и инклузивното образование на лицата со попреченост во образовниот систем. Учебникот е наменет за идните педагози, наставници во одделенска настава и идните воспитувачи, кои поради новите трендови во инклузивното образование, во својот работен век сигурно ќе се сретнат и ќе работат со ученици со посебни образовни потреби во основните училишта или во предучилишните установи.

 

More from КултураMore posts in Култура »