Работнички – Пелистер 75:115
Кошаркарите на Пелистер од Битола триумфално ја отворија новата сезона откако победија на гостувањето против Работнички со убедливи 75:115. Домашниот тим настапи значително подмладен, без ниту едно странско засилување во тимот, а “пелистерци“ го искористија тоа за без многу мака да стигнат до посакуваниот резултат.
Дуелот беше израмнет до 6:6, по што Пелистер презеде контрола над резултатот, битолчани пред крајот на првата четвртина стигнаа до првото двоцифрено водство со поените на Дејвис (13:24), по што тројка погоди и Крстевски за овој дел од мечот да заврши со убедливи 13:27 за „зелено-белите“.
Седум кошаркари на Пелистер имаа двоцифрен ефект, најефикасни беа Малешевиќ со 22 поени, центарот Ленгстон Вилсон со 18 поени, Митревски и Си-Џеј Вилсон со по 15 поени…