Press "Enter" to skip to content

Гарабаја: со перфектна игра против Висла Плок може да се надеваме на позитивен епилог

Пред денешниот натпревар од Лигата на Шампиони тренерот на Еурофарм Пелистер од Битола тренерот Рубен Гарабаја, за екипата на Висла Плок и очекувањата во Лигата на шампионите, најавувајќи дека неговиот тим ќе се соочи со исклучително сериозен противник. 

Гарабаја смета дека мисијата во Висла ќе биде многу тешка поради фактот што полскиот првак во моментов е во одлична форма, и вели:

-Играме со Висла Плок, тим кој постојано расте и станува многу посилен. Имаат одлична атмосфера во салата и претставуваат сериозна закана за сите ривали. Играат со висок притисок и неверојатно цврста одбрана која е добро синхронизирана и разноврсна.  Мораме да бидеме фокусирани и да не правиме грешки, зашто тие веднаш ќе ја искористат таквата ситуација. Брзи се во нападот и ги казнуваат сите грешки на ривалите. Ова е Лига на шампиони, тука нема простор за импровизации. Играме против најдобрите тимови во Европа и сакаме да освојуваме бодови.  Се надевам дека нема да имаме кризен период во играта, како што беше случај на натпреварот со ГОГ Гудме, кога немавме добри солуции цели 15-20 минути. Мораме да одиграме перфектно во текот на целиот натпревар, само така може да се надеваме на позитивен епилог, изјави стратегот на Еурофарм Пелистер. 

Натпреварот се огра денес, 8 октомври, со почеток во 18:45 часот.  

More from ВестиMore posts in Вести »