Press "Enter" to skip to content

Орден за Ѓуро Илиќ за промоција на будо и јапонската самурајска култура ширум светот

Ѓуро Илиќ од Битола кој деновиве ќе прослави голем јубилеј, 50 години тренерска кариера, доби големо светско признание.

Јапонската будо федерација на Ѓуро Илиќ му го додели Орденот за заслуги на ЈБИФ за извонреден придонес за промоција на будо и јапонската самурајска култура ширум светот.

-Ова е голем признание за мене, доделено од Јапонската будо федерација, ми претставува голема чест, а посебно што ова признание се поклопува со мојот голем јубилеј кој го славам деновиве, а тоа е 50 години тренерска работа, вели Илиќ.

Орденот на Илиќ му беше доделен во Лозница, Србија, каде покрај свечениот дел имаше и натпревар на кој Кадетската екипа на Будо центарот „Пелистер“ од Битола триумфираше на Меѓународниот турнир во дисциплината аикибудо.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »