Кошаркарите на Пелистер го продолжуваат пеколниот ритам на натпревари, ако се знае дека вечерашниот дуел со Феникс (19.30 часот, сала „Боро Чурлевски“) ќе биде трет за „зелено-белите“ во последните пет дена.
Последниот дуел со Маџари во петокот бше решен со две продолженија што дополнително ги изморија „пелистерци“,но сите во тимот се максимално мотивирани да стигнат до нова победа и да се задржат на врвот на суперлигашката табела.
„Ова ќе ни биде трет меч во последните пет дена, претходните два беа доста исцрпувачки за сите кошаркари, но го искористивме вчерашниот ден за да одмориме. Пред нас е дуел со Феникс, екипа која игра слична кошарка како Маџари, така што никако не смееме да го потцениме овој ривал. Наша цел мора да биде да одиграме на ниво какo против Приевидза во ФИБА Европа купот, ако го сториме тоа сигурно ќе стигнеме до посакуваниот резултат. Јасно е, одиме на победа, сакаме да триумфираме во чест на прерано починатиот Зоран Петковски, кој има дадено голем придонес за развојот на КК Пелистер. Нека почива во мир“, изјави Дамјан Крстевски во пресрет на денешниот дуел.











