Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј водеше 0:2, но на крај поразен со 3:2 во Струмица

Наковски Волеј – Пелистер Волеј 3:2

(24:26, 20:25, 25:15, 25:18, 15:9)

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, во рамките на третото коло од Првата одбојкарска лига на Македонија гостуваа кај минатогодишниот шампионот на Македонија, екипата на Наковски Волеј во Струмица и се поразени со 3:2 по сетови.

Одбојкарските на Пелистер Волеј по два сета имаа предност од 0:2, а потоа домаќинот направи компкетен пресврт и дојде до победа, откако во последниот сет, по два часа на терен, победија со резултат 15:9.

-Синоча во Струмица покажавме голема игра во која испуштивме одлична предност од 2:0 во сетови и ќе мора да се задоволиме со само 1 бод во гости. Сепак честитки за прикажаната игра и големата борба на нашите девојки. Продолжува чекор по чекор растиме од натпревар во натпревар, рече тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.

More from ВестиMore posts in Вести »