Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на фудбалерите на Пелистер од Битола, овој пат во Кратово од Силекс

Силекс – Пелистер 3:1 (1:0)

Екипата на Пелистер во Битола се враќа со пораз од Кратово, поразени се од Силекс со резултат 3:1, полувреме 1:0, во натпревар ро рамкире на 10. коло на Првата македонска лига, а на тешкиот и дождлив терен, подобро се снајдоа домашните играчи.

Натпреварот во Кратово беше отворен со иницијатива на домаќините, а во тој период бележеиме шанса на Португалецот Пиреш. Голот за водство на Силекс беше постигнат во 19. минута, од страна на Дарко Додев, кој биеше откосо во шеснаесетникот, а од стативата топката заврши во голот на Пелистер. Со тој резултат се замина на одмор.

О стартот на второто полувреме започна со ист ритам како на стартот на првото. Силекс беше тимот што го контролираше темпото, а вториот гол повторно го постигна Додев, во 54. минута од натпреварот, кој со волеј удар донесе предност за Силекс од 2:0. Стефан Спировски во 62. минута намали на 2:1. Босанецот во дресот на Силекс, Миљан Говедарица погоди по контра во 87. минута го постави конечниот резултат 3:1.

Пелистер по седум порази во 10 кола е на десеттото место на табелата.