Press "Enter" to skip to content

Вчера адвокатот Горан Дамевски од Битола, на Хималаите во Непал го искачи врвот Ama Dablam висок 6.812 метри

-Ama Dablam го отвори патот на Горан Дамевски од Битола за првата осумилјадарка!

Вчера во 10 часот по непалско време, Горан Дамевски, адвокат од Битола заедно со непалскиот водич Ang Chirring Sherpa, го искачија врвот Ama Dablam висок 6.812 метри. 

-Ama Dablam е комплициран технички врв сместен длабоко во Хамалајскиот масив во Sagarmatha National Park, за кој е потребно долго искачување со ротации на три висински кампови.Искачувањето вклучува долга аклиматизација, минусни температури во опсег -30, како и користење на комплетна алпинистичка опрема Ama Dablam – често нарекуван Матерхорн на Хималаите, се издига на 6.812 метри во регионот Кумбу во Непал, ни напиша Дамевски по освојувањето на врвот.

Зошто е посебен: Неговото име значи „Ѓерданот на мајката“ – долгиот висечки глечер на југозападниот дел изгледа како церемонијален приврзок на мајката.  Ama Dablam има стрмни, драматични гребени и изложена силуета, давајќи му уникатна и елегантна форма видлива од секој агол. Во зависност од тоа каде го гледате – од Dingboche или Tengboche – изгледа сосема поинаку. Два погледи, иста магична планина. Ama Dablam не е само планина, туку ремек-дело на природата во Хималаите.

More from ВестиMore posts in Вести »