Пелистер од Битола има перфектни 5-0 од стартот на домашното првенство, серија која што кошаркарите скаат да ја продолжат и на претстојното дерби со МЗТ Скопје, кое ќе се одигра утре, сабота, 20 часот, сала „Боро Чурлевски“).
Овој меч нашите „зелено-бели“ ќе го играат во чест на клупската легенда Зоран Петковски, кој неочекувано почина минатиот месец. Петковски беше и останува дел од историјата на КК Пелистер, а управата одлучи сите приходи од продадените влезници да бидат уплатени на семејствот на “Петкото“.
Билетите по цена од 150 денари ќе можат да се набават во „Зикс“ и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.
-Пелистер против МЗТ Скопје, двете поранешни екипи на Петковски, в сабота ќе играат во чест на битолската кошаркарска легенда. Бидете и вие дел од овој настан со хуманитарен карактер, порачаа од КК Пелистер.
Зоран Петковски на дербито Пелистер – МЗТ во Битола на 12 ноември 2008.
Фото на Сашо Ристевски









