Еурофарм Пелистер – Куманово 45:20 (20:8)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во Битола лесно го победија тимот на Куманово со убедливи 45:20 во единаесеттото коло од македонската Суперлига.
Шампионот настапи без голманот Никола Митревски, а во првото полувреме меѓу стативите беше Саид Хеидарирад. Повеќето ракометари на битолчани беа на располагање за стручниот штаб, па така Куманово немаше многу шанси за било какво изненадување во салата „Боро Чурлески“.
На паузата Еурофарм Пелистер водеше со убедливи 20:8, а во вториот дел до врв ја наполни мрежата на ривалот и рутински ја завери мисијата, славејќи со огромни 45-20.
Најефикасен во победничкиот табор беше Филип Кузмановски со седум гола, а перфектен учинок имаше и Петар Атанасијевиќ (7/7), додека кај кумановчани најрасположени за игра беа Цековски и Стојков, кои впиша по четири погодоци.
Во следното коло македонскиот првак ќе го пречека Бутел Скопје, а Куманово ќе гостува кај екипата на Радовиш.










