Press "Enter" to skip to content

Ален Рустемов освои европско сребро, поразен во финалето од Аветијан од Русија

Ален Рустемовски член на боксерскиот клуб Пелистерци јунак од Битола е поразен во финалето на Европското првенство во Ерменија за млади сениори до 23 години, и од таму во Битола се враѓа со сребрен медал.

Битолчанецот во финалето во категоријата до 57 килограми, имаше пред себе силен противник Лурли Аветијан од Русија. Борбата беше рамноправна, можеби пресудија побрзите контри на противникот, а Ален покажа техничка подговтеност дека и со најголемите боксери може да се бори на ниво, остави одличен впечаток и повеќе од достојно ја претстави нашата држава. 

Неговиот брат Адријан од Ереван се враќа со бронза, така што, семејството Рустемовски во Битола ќе донесе два европски медали.

More from ВестиMore posts in Вести »