Денес, кај “Пожарната“ во Битола, кај спомен чешмата беше организирана комеморацијата од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, како и од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, со поддршка од Општина Битола со што која беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада.
Пред спомен – плочата почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политички партии и гости.
Првата егејска македонска ударна бригада, формирана за време на Втората светска војна, беше расформирана на 2 април 1945 година, при што боречкиот состав беше распореден во други единици. Голем дел од борците подоцна се вратија во Егејскиот дел на Македонија, каде што ги формираа првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ).
Подоцна тие станаа дел од единиците на Демократската армија на Грција, повторно покажувајќи исклучителна посветеност и пожртвуваност во борбата за национални и социјални права и слободи.

Во Битола одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Јени Мале со крводарителска акција
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- По 20. пат во Битола дефиле на Широк Сокак и тематска средба на “Мобилност Битола“ (фотогалерија)
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола





