Press "Enter" to skip to content

По интензивните дождови екипи на “Водовод, “Нискоградба“, “Стрежево“ и “Водостопанство“ на терен

-После интензивните дождови, екипите на јавните претпријатија, “Водостопанство Битола“ и ЈП “Стрежево“ од Битола се на терен. Со механизација и работници се интервенира на сите критични точки за навремено справување со последиците од обилните врнежи. Засега ситуацијата е стабилна, а екипите ќе продолжат со активности во текот на целиот ден, онолку долго колку што е потребно, соопшти градоначаникот на Битола, Тони Коњановски.По обилните врнежи, екипите на “Водовод – Битола интервенираат со механизација и работници на критичните точки во село Карамани и село Лажец за навремено справување со последиците. Состојбата засега е стабилна, а активностите ќе продолжат во текот на целиот ден – онолку долго колку што е потребно.Екипите на КЈП “Нискоградба“ заради санација на теренот после обилните дождови кои ја зафатија Битола и околните населени места во текот на денот интервенираа кај локалитет “Хераклеја“, село Долно Оризари, село Цапари, село Лажец, мала Ливада кај детското одморалиште и каналот на улица “15-ти корпус“.Екипите на ЈП “Стрежево“ денес успешно интервенираа на повеќе локации во битолскиот регион, поради обилните поројни дождови кои предизвикаа нагли водотеци и локални излевања. Благодарение на брзата реакција, навремената координација и техничката подготвеност, екипите помогнаа во стабилизирање на состојбата и спречување на поголеми последици врз инфраструктурата и населението.Активностите продолжуваат до целосно нормализирање на условите.

More from ВестиMore posts in Вести »