Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер убедливо загуби во Унгарија од ПИК Сегед

ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер 35:20 (14:9)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола загуби на гостувањето кај ПИК Сегед со резултат 35:20, полувреме 14:9, а само пред седум дена во Битола забележа победа.

Екипата на Еурофарм Пелистер,  предводена од тренерот Гарабаја во текот на целиот натпревар беше под резултатски протисок на Сегед, кој ја имаше предноста. Рамноправно беше само на стартот кога беше 3:3, а потоа се беше во корист на домаќините. Сегед се одлепи на 7:3, потоа беше 10:5. Пелистер се доближи до 11:8, а на одмор се отоде со 14:9. Голманот на Сегед Роланд Миклер имаше многу одбрани, а можеби тоа беше и причината за водството.

Во ист ритам продолжи и во вториот дел, голманот Миклер повторно со добро одбрани скоро на секој напад на Пелистер, а разликата се зголемуваше. ПИК Сегед започна со 15:9, а стигна и до +8 (19:11). Највисоката предност што ПИК Сегед ја имаше против “пелистерци“ беше 15 гола.

Кај Еурофарм Пелистер најефикасни Манасков, Атанасијевиќ и Хаџиќ кои постигнаа по три гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »