Во организација на “ПР Линк Маркетинг“ од 14 до 16 ноември во Банско, соседна Бугарија, “Bv Business Group“ Битола ja одржа втората менаџерска конференција, годинава под мотото „Тимот ја гради иднината“. На истата присуствуваа компании кои се дел од оваа групација, чиј зачеток беше формирањето на “БВ Инженеринг“ во 2002 година.
Пред присутните се обрати менаџерскиот тим на секоја од компаниите, како и битните стратешките партнери.
Главната порака испратена од говорницата беше дека само со цврство заедништво, сплотеност и доверба се градат резултати и успех и тоа не само во канцеларија, туку и преку вакви настани на поврзување на тимот, подобрување на комуникациските вештини и надградување и зацрврстување на односите помеѓу вработените. Во тој дел помогна и лиценциран тренер со своето искуство, стручност и методи.
–По оваа конференција, со убава нова енергија се враќаме да ги завршиме предвидените обврските до крајот на оваа 2025 година и имаме јасен концепт, цели и планови за следната. Мојот инспиративен тим е мојот најголем успех, рече првиот човек на “Bv Business Group“- Крсте Неделковски.

Текст и фотографии: “Пр Линк Маркетинг“






