Press "Enter" to skip to content

Тројца битолчани на две натпреварувања на “Irom man“, Битола побогата за уште еден “железен човек“, сега се пет мина (фотогалерија)

Сашо Ристевски

Се уште љубителите на спортот во Битола посебно оној поекстремниот се сеќаваат на учеството на можеби едно од најсилните натпреварувања од ваков тип “Irom man“, прво на Горан и Мартин, потоа на Едмонд, и секако на огромниот успег на Вања, а оваа година на овој “дрим тим“ на битолчани им се приклучи и Тео. Горан Стефановски и Едмон Вејсели учествуваа на белградскиот “Irom man“, а Теодор на Пелопонез во Грција.За тоа како дојде од идеја до релизација, односно до “Irom man“, разговаравме со тројцата. Белградската екипа за ова големо спортско достигнување Горан вели:

-Идејата беше на Едмонд кој рече дека би сакал да учествува на втор “Irom man“, бидејќи претходно двајцата трениравме заедно подолг период да бидеме заедно. И така во мај 2025 година падна договорот тоа да биде во ноември, во Белград, Србија, и се пријавивме, да речам во пет минути. Потоа ги започнавме подготовките за натпреварот и правење на план како за рок од три месеци, до 21 септември сето тоа да го реализираме, во рок од 16-17 семици, на што Едмонд се надоврзува:

-Ние си дадовме и две “недели“ пауза, па имавме подготовки кои траеја 16 “недели“, но се договоривме да биде максимален тренинг. Се подготвувавме по тренинг програма која е изготвена од нашиот сограѓанин Вања Атанасов, за да може да бидеме што повеќе подготвени, кои тренинзи да ги имаме, со каков интензитет, на каков терен… Ние бевме делимично подготвени, но ни требаше финална подготовка.Подготовките ги започнаа на 1 јули, а за тоа како се одбиваа Едмонд вели:-Морам да признам дека Горан беше многу дисциплиниран, а тоа и мене дополнително ме мотивираше да бидам што повеќе дисциплиниран. Дел од тренинзите беа направени благодарение на него, а ако бев сам не знам дали ќе бидев толку исполнителен, а дел од пакетото ќе прескокнев, да бидам искрен. Планот го исполнувавме од ден на ден, јас го одзедов делот на пливање бидејќи сметав дека нема да добијам многу во самото натпреварување, а одземаше доста време во тренингот, а Горан го “тераше“ и тоа перфектно фисциплинирано. Тренингот беше како и натпреварувањето, трчање, возење велосипед и пливање, комбинација, се осврнав повеќе на трчање и велосипед за да можам да постигнам што подобро време.Полудистанцата на “Irom man“ се состои од 1,9 километри пливање, 90 километри возење велосипед и 21 километар трчање, а за тоа тоа колку треба тренинзи да се издржи натпреварувањето Едмонд вели:-За да се дојде до висок степен на кондициона подготовка за да може да се издржи овој тежок натпревар мора да се тренира 8 до 12 часа неделно во комбинација од сите дициплини. За 3-4 месеци имав испливано 10-11 километри, извозено 900 километри и 440 истрчани километри. Ова за мене не беше некој интензивен тренинг, а мислам дека можеше и подобро, а можам да кажам дека ова беше некоја средина, а се беше насочено за да го подобрам времето од првиот “Irom man“.Горан за разлика од Едмонд има 10 години повеќе, а за тоа како тој го помина времето за подготовки и натпреварот вели:

-За мене беше потешко бидејќи ми треба повеќе време за рекуперација, а тоа го прави возраста. Јас немам статистика за тоа подготовките јас тренирав 11 до 12 часа неделно, плус 5 часа фитнес програма, а се вкупно 16-17 часа неделно. И јас го “бркав“ времето од првиот “Irom man“ во Холандија, а тоа го подобрив за повеќе од 40 минути. Јас имав проблем за време на трчањето, после 8 километар, не ме “слушаше“ срцето, и морав да намалам со интезитетот. Но, сум задоволен со оглед на возраста и со оглед на постигнатото. Посебно сум задоволен од пливањето, возењето точак и првата третина од трчањето, внимавав на отчувањата на срцето и тоа го имав превидено, не нс форсирав со цел да ја завршам трката во што и успеав. Тоа што работам како мединско лице, знам по нешто од медицината, и искуството од првиот “Irom man“, многу ми помогна да го завршам маратонот, а во спротивно ќе имав крах, како што беше случај кај многу натпреварувачи.

-За разлика од Горан кој е медицинско лице јас настапив обратно.  Мене главен спорт ми е трчањето, јас кога сум на трка, не го следам пулсот, бидејќи ако го следам ќе “паднам“ психички и нема да го постигнам посакуваното време, односно си имам мото: трчај додела можиш, вели Едмонд.-Натпреварувањето беше феноменално, условите одлични, атмосферата како секој би ја посакал. Белград организира по втор пат и немаат многу организационо искуство. “Irom man“, се одржа пливање на Ада Циганлија на Сава, кога трчавме беше топло, а возењето на велосипед на автопат  беше голем предизвик, возевме со многу ветар, во различен правец, некогаш помагаше, но повеќе одмагаше, вели Горан.

Но, колку да планираш може да се направи грешка, а тоа му се случи на Едмонд, за што вели:

-Знаев дека со возење на точак и трчање можам да направам разлика и тука го подобрив времето, односно 50 минути од првиот “Irom man“. Секако има разлика дали си прв пат или по втор пат, но и покрај тоа искуство направив грешка. Пред две недели од “Irom man“, со “сетирав“ точакот на различни позиции од тоа како тренирав, а тоа ми направи проблем. Имав болки од 10-тиот километар до крај на трката во левото колено. Во трчањето ги немав, но поради долгата болка претходно почуствував умор и малку забавив.

А тоа дали продолжуваат до фул “Irom man“ не се конкретни. За одлука да одат на фул “Irom man“ ќе им требаат минимални 26 часа тренинг неделно, а уште немаат донесено одлука за понатаму, но не ја исклучуваат намерата, секако по консултации со семејствата, бидејќи како велат поддршката од семејството и колегите на работа ова да се постигне е невозможно.

-Ние ја имаме поддршката, бидејќи ова не можиш сам да го направиш. Прво мислев дека можам за една година да се пријавам, но сега мислам дека ќе почекам две-три години, а мора да се пријавам, патот е трасиран и нема друга цел, вели Едмонд.

Едмонд Вејзели и дел од фамилијарниот бизнис “Агнеса“ од Битола, оженет и татко на дете од една година, а вели дека “Irom man“, не е само да се помине на целта, туку да се одржат и сите улоги во животот, професионалните, семејните, подготовките, а мислам дека успеав. Мотивот да се издржи на “Irom man“ останува во секој животен предизвик и носи голема самодоверба секаде.

-Луѓето кои трчаат на “Irom man“ бараат промена на начинот на кој ги решаваат проблемите во секој поглед, мислам дека сите кои поминале на “Irom man“ добиваат самодоверба дека можиш во секој предизвик и имаат нов пристап, вели Горан Стефановски кој е вработен како ембриолог во болницата “Плодност“ во Битола. Горан посебно ги потенцира дисциплината и константноста во тренинзите, додава и дека хидратацијата е многу значајна во текот на целиот подготвителен период, и секако да се внимава на храната, а за фул “Irom man“ вели дека се уште е рано да се донесе таква одлука, а секако покрај личната одлука е консултациата со семејството.

Горан и Едмонд во таа насола не го заобиколија и слоганот на “Irom man“ – “Се во животот е возможно, ако си посветен, дисциплиниран и се жртвуваш“, на “Irom man“ жртвуваш многу време и си далеку од конфорната зона.Слично искуство има и Тео кој го помина “Irom man“ во Грција на Полопонес. Тој се занимава со сите спортови, а другарите знаат да му кажат дека нема спорт со кој се нема занимавано, и како таков се пријави на “Irom man“. Иако прв спорт му е тенисот, сепак се одлучи да се пријави на “Irom man“.

-Тренирам тенис деца од 4 до 12 години, а сум пробал се: кошарка, скијање, сурфање… а со “Irom man“ најблизок ми е тенисот бидејќи има високи интензитети во текот на целиот тренинг или натпревар. Тоа секако многу ми помогна, а мене како и на Едмонд најсилен спорт во триатлонот ми е трчањето, додека пливањето и точакот во втор план. Грчкиот “Irom man“ беше на 26 октомври, а со подготовки почнав сам и не се најдовме во подготвителниот период со “колегите“. Приказната започна со гледање на видеа од “Irom man“, тука е големиот успех на Вања и падна одлуката, ќе одам на“Irom man“ и започнав со фитнес, вели Тео за идејата и мотивот да се пријави.-Подготовките ми беа поголеми, траеја константно цела година. Во зимата повеќе возев велосипед во теретана, бидејќи тие се условите. Поголем интензитет имав во пролетта, купив велосипед токму за оваа намена, и така започнаа посериозните подготовки. Се водев по насока пливањето да биде последно, пливав на базен, во Охрид, колку да ја пребродам границата од скоро 2 километри, вели Тео, кој за самиот “Irom man“ додава:

-Самото натпреварување помина одлично за мене, задоволен сум од целото искуство, а мора да се нагласи дека организацијата на оваа трка во Грција беше на највисоко ниво. Јас бирав на која трка да се пријавам, кон крајот на јули се одлучив за Грција, имаше неколку слободни места и ми ја прифатија пријавата.-Километрите на самата трка минуваа лесно, ја имав поддршката од мојата сопруга, мајка ми и татко ми и мојот најверен другар од клубот. Ми помогнаа пред три дена од трката да го “средам мозокот“ и да концентрирам на она што ме очекува. Самата трема беше нормална за мене. На првиот мој “Irom man“, видов меѓу кои и меѓу какви луѓе уми на патеките, во вода и на суво. Енергијата беше голема, времето на отворено  море беше добро. На стартот на пливачкиот дел, иако имав тренинг на помалку од 10 километри, сепак направив добро време, излегов од водата со солидно време, помалку од 40 минути препливав и следуваше полесното за мене.Тео за возењето велосипед и трчањето додава.

-Со велосипедот знаев дека сум супериорен и ќе поминам лесно, како и со трчањето. Со велосипедот немав проблеми, а јас за несреќа немав часовник, немав батерија после половина трка, и не можев да следам некои здравствени периметри. Се одлучив да го слушам телото и да не претерувам, се хидрирав, земав електролити и гелови и поминав 90 километри за помалку од три часа. Кога возев велосипед размислував за трчањето, како без часовник. Ми текна, го зедов компјутерот од велосипедот и со него трчав колку да имам некоја ориентација на полумаратонот. Се одлучив да трчам километри за пет минити, што беше оптимално. Заврши за 5 часа и 42 минути што за мене е успех, како почетник, и сум презадволен. Имав загуба на време во транзицијата, односно во преслекување и подготовка за следните предизвици, но претходно Едмонф и Горан ми рекоа да не се нервирам за тоа, туку да уживам во се, и ги послушен, и навистина уживав.

За тоа како е чувството да се заврши “Irom man“ и да биде дел од малкумината кои ова го завршиле, Тео вели:

-Лично за мене да бидам дел од ова одбрано друштво, да се биде “железен човек“ сега кога заврши е голема лична победа. Ова е ново огромно искуство, ментално пред се, каде знаеш дека можеш да совладаш многу препреки во животот, предвидливи и непредвидливи, како што јас ги имав за време на трката, а сигурно ќе ги имам и во иднина во животот. Ако можиш да поминеш преку “Irom man“ ќе поминеш и други лични препреки.

Тео не застана, продолжи со сите активности како пред “Irom man“ и продолжува со оваа приказна, а како вели ги кандисува и Горан и Едмонд, кои сега се со резерва, а кога ќе “попуштат“ не се знае.Нам ни останува да им порачаме, да бидат истрајни, тоа и до сега го докажаа, и тројцата да ги видиме на еден фул “Irom man“, зошто не и со Вања, со време кое ќе биде ново нивно докажување.

More from ВестиMore posts in Вести »