Пролет – Еуеофарм Пелистер 25.31 (11:14)
Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола гостуваше во Скопје каде го победи Пролет 62 со резултат 25:31, полувреме 11:14, во натпреварот од 13. коло во македонската Суперлига.
Еурофарм Пелистер немаше никакви проблеми против Пролет, а тоа го најаваи уште кога започн со серија од 0:5 на стартот. “Пелистерци“ продолжија со ист стил, и ја одржувааа преддноста и на паузата водеше со 11:14.
Второто полувреме Пелистер го започна посилно, имаше +8, по што веќе беше јасно каде ќе заминат бодовите.
Најдобар поединец на крајот беше Дејан Манасков со стопроцентен учинок 8 од 8.
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 34:24 (14:11)
Младите битолчани издржаа против Вардар 20-тина минути, а потоа скопјани стигнаа до победата со резултат 34:24. Во составот на Вардар ги немаше Малус, Борозан, Горига, Еспиња, Лазаревски, Кеита, Стаменковиќ. Без класичен бек шутер Вардр се мачеше да ја разбие одбраната на Еурофарм Пелистер 2, а и двете страни имаа многу грешки го играта.
После 10 минути беше 2:2, а во 13. минута Вардар поведе со 5:4. Следуваше пресврт во корист на Еурофарм Пелистер 2, поведоа со 7:5. Вардар намали на 6:7, а потоа израмни на 8:8. Вардар ја презеде иницијативата и водството и на одмор се отиде со 14:11.
За осум минути во второто полуврем Вардар веќе имаше предност од 20:14, и рутински ги одигра преостанатите 20-тина минути. Во 44 минута предноста на Вардар беше 23:16, а во 54 минута 32:22. Еурофарм Пелистер 2 дојде до конечни 34:24.
Кај Еурофарм Пелистер 2 најпрецизен беше Бојан Гичев со 6 гола








