Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: изградени три нови игралишта во “Областа“

Во месноста Областа, на улица „Нико Фундали“, изведени се три нови игралишта на вкупна површина од 629,27 м².

Комплексот содржи детско игралиште, мало кошаркарско игралиште и мало фудбалско игралиште. На детското игралиште е поставена соодветна урбана опрема и реквизити, а подлогата е изработена од дробеник (шљунак). Кошаркарското и фудбалското игралиште се опремени со модуларни подлоги и соодветна урбана опрема.

Вкупната вредност на договорот за реализација на проектот изнесува 2.666.219 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »