Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: “Вашите уверувања можат да ве кочат – или да ве поттикнат, научете како“

“Не можам да успеам“, „Не сум доволно добар/добра“, “Сè е премногу тешко“, „Нема смисла да се обидам“, “Можам да научам и да се подобрам“, “Грешките се дел од растот“, “Секој ден е шанса за напредок“, вашите мисли можат да бидат вашиот најголем сојузник или најголем непријател, но вие имате моќ да ги обликувате.

Секој од нас носи низа верувања – длабоко вкоренети мисли за себе, за другите и за светот околу нас. Психологијата ги гледа овие уверувања како мапи кои ја обликуваат нашата реалност: тие го насочуваат нашето однесување, ја обликуваат нашата самодоверба и влијаат на нашите емоции. Многу често, ние ги прифаќаме мислите како факти, без да се запрашаме дали се вистинити или ни служат.

Уверувањата се како филтри низ кои го гледаме светот.

Позитивните уверувања нè мотивираат и ни помагаат да преземаме активности, додека негативните или ограничувачките уверувања нè држат во место и создаваат чувство на страв или немоќ.

Примери:

-Ограничувачко уверување: „Не сум доволно добар/добра“ → може да предизвика избегнување на предизвици и пропуштање на можности.

-Поттикнувачко уверување: „Можам да научам и да се подобрам“ → ја зголемува упорноста и самодовербата.

Една од клучните работи во психолошката пракса е свесното преиспитување на нашите уверувања, со техники како когнитивна реструктурирација, дневник на мисли или ментални вежби за самоподдршка, можеме да ги трансформираме ограничувачките уверувања во поттикнувачки.

Како да ги препознаеме нашите уверувања.

-Обратете внимание на вашите мисли: Кога се соочувате со предизвик или неуспех, забележете што мислите за себе.

-Идентификувајте повторувачки патерни: Често мислите што се повторуваат откриваат длабоко вкоренети уверувања.

-Поставете прашања: „Дали ова уверување е вистинито? Дали ми помага или ме ограничува?“

Како да ги трансформираме ограничувачките уверувања?

-Когнитивна реструктурација: Преиспитајте негативна мисла и создадете алтернатива која е поттикнувачка.

-Наместо: „Никогаш нема да успеам“, кажете: „Ќе се обидам и ќе научам од процесот“.

-Водете дневник на мисли: Запишувајте мисли што ви предизвикуваат страв или несигурност и анализирајте ги.

-Ментални вежби и афирмации: Повторувањето на позитивни поттикнувачки мисли помага да се промени мисловниот пат.

-Мали чекори: Промената на уверувањата е процес. Започнете со малите мисли и активности, и постепено ќе се промени вашиот начин на размислување.

Развивањето свесност за сопствените уверувања и нивното прилагодување не е само ментален процес – тоа директно влијае на среќата, продуктивноста и квалитетот на животот.

Мал практичен водич како да ги препознаете и трансформирате вашите уверувања

Со свесност и малку практика можеме да ги трансформираме ограничувачките мисли во поттикнувачки уверувања. 5 чекори за секојдневна работа со уверувањата:

-Запознајте ги вашите мисли, почнете со забележување на мислите што се појавуваат кога се соочувате со предизвик или неуспех. Прашајте се: „Што мислам за себе сега?

-Идентификувајте ограничувачки патерни

-Обратете внимание на мисли кои повторно се појавуваат и ве спречуваат да дејствувате, како: не можам, не сум доволно добар/добра“, сè е премногу тешко.

-Поставете прашања на мислите.

Проверете дали вашите уверувања се вистински или само навика на размислување: дали ова е апсолутна вистина?, дали ми помага оваа мисла или ме ограничува.

Преобликување на мислите

Направете алтернатива на негативната мисла. Наместо: „Никогаш нема да успеам“ → „Ќе се обидам и ќе учам од процесот“. Наместо: „Не сум доволно добар/добра“ → „Имам способности и можам да ги подобрам со практика“.

Мали, но постојани чекори

Промената на уверувањата е постепена. Вклучете го овој процес во секојдневието: водете дневник на мисли и чувства, повторувајте позитивни афирмации, практикувајте самоподдршка и благодарност, одвојте време за мали активности кои ве поттикнуваат.

Со свесна работа на мислите и практични техники, можете да ги трансформирате ограничувачките уверувања во ваши најсилни сојузници. Запомнете: вашиот ум е алатка – со вистински тренинг, може да го насочите кон раст, среќа и успех.

More from СоветиMore posts in Совети »