Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица за дрога, 19 годишник нападнал 10 годишно дете

На 01.12.2025 во 19:15 часот на ул. „Игнат Атанасовски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 27 и 35 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното е пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 01.12.2025 во 17:50 часот во СВР Битола е извршен службен разговор со 19 годишно лице  од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:40 часот на спортско игралиште во село Добрушево, битолско, физички нападнал 10-годишен малолетник од селото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
More from ВестиMore posts in Вести »