Во салата на Народниот театар ОУ “Свимент Климент Охридски“ Битола со свечена приредба го одбележа денот на училиштето посветен на својот патрон, големиот учител Св. Климент.
-ОУ “Св. Климент Охридски“ зад себе остава уште една успешна година, ја продолжуваме традицијата на квалитет наставен процес, освоени голем број на награди, државни првенства, реализирани проекти, работилници и активности со различно општествено значење, изјави директорот Предраг Созовски и додаде:
-36 години како цврсто остануваме на нашиот пат, вложуваме во идните генерации, вложуваме во нивната иднина. ОУ “Св. Климент Охридски“ било и останало едно од најдобрите училишта во нашата општина.
Покрај свечената манифестација училиштето во текот на целата недела имаше бројни активности, приредби од најмладите, работилници, хуманитарна акција и спортски натпревари.
[ngg src=”galleries” ids=”2666″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






