Струга – Еурофарм Пелистер 22:42 (14:20)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа рутинска победа на Струга, со резултат 22:42, а како домаќин во Битола го одигра струшкиот тим во “Боро Чурлевски“.
“Пелистерци“ играа против една од најслабите екипи во лигата, а предводени од привремениот тренер Звонко Шундовски извојуваа убедлива победа. “Домаќинот“ само на стартот од натпреварот нешто покажаа, а потоа“зелено-белите“ предводени од Кузмановски наметнаа свој ритам и немилосрдно го полнеа противничкиот гол. На полувреме беше со 14:20.
И второто полувреме продолжи како и првото “пелистерци“ стигнаа до уште една рутинска победа во домашниот шампионат 22:42.
Најефикасен беше Петар Атанасијевиќ со единаесет гола, а Кузмановски застана на шест погодоци, а во тимот на Пелистер ги немаше Хаидарирад, Абутовиќ, Манасков, Радивојевиќ, Хосни и Пешевски.
Во следното коло Еурофарм Пелистер, на 10 декември во Битола е пред најголемиот предизвик оваа сезона, гостува лидерот Вардар, кој има максимален број на бодови.
Фото: Дамијана Ристевска










