Идната седница, во среда, во Битола ќе се игра вечното ракометно дерби Еурофарм Пелистер – Вардар, ќе играат актуелниот шампион и лидерот на табелата, во натпревар кој ќе има дуректн влијание во борбата за шамионската титула.
Организаторот на натпреварот Еурофарм Пелистер објави вчера дека денес со почеток во 12 часот ќе започне продажбата на влезниците, а денес само по петнаесетина минути, беше соопштено дека влезниците се распродадени.
Освен домашните „Чкембари“, најавено е присуство и на скопските „Комити“ кои ќе допатуваат, а натпреварот се игра в среда, во терминот од 18:00 часот.










