Press "Enter" to skip to content

Мултисензорната изложба “Допир на уметноста 2025“ во Музеј Битола (фотогалерија)

-Музеите се за сите – велат од НУ Завод и музеј Битола.

Во рамките на меѓународниот ден на лица со попреченост во Завод и Музеј Битола, во големата сала, свечено беше отворена мултисензорната изложба “Допир на уметноста 2025“ и за првпат во македонските музеј се отвори изложба од ваков тип. Изложбата е составена од пет тактилни копии на уметнички дела и пет тактилни копии инспирирани од експонати од постојаната поставка на НУ Завод и музеј Битола, фотографии и текстови, текстови и легенди на брајово писмо, аудио приказни и видеа на знаковен јазик, до кои се пристапува преку QR кодови и NFC тагови.На публиката соработниците, медиуми, поддржувачите и пријатели им се обрати директорката на Завод и Музеј Битола, Маргарета Спасов, која рече:-Добредојдовте на нашата изложба “Допир“ која се одржува по повод интернационалниот ден на лицата со попреченост, а сакам уште еднаш да повторам дека нашиот музеј секогаш е отворен за вас, лицата со попреченост и ќе продолжиме со вакви активности. Многу одамна започнавме со правење на тактилни изложби и проекти во областа  на пристапноста и на почетокот ми беше многу тешко да најдам зборови на отворањата, но сега сум полна енергија, со сила и горда на тоа што нашата институција потврдува дека лидер во регионот за доближување на културното наследство до сите.На изложбата се поставени пет дела со уметничка вредност и пет дела кои се експонати, за кои Ирена Ружин, раководител проектите од овој вид, вработена во Музејот рече:-Големо е задоволството да ве видиме во толкав број, нашите пријатели од “Кочо Рацин“, здружението на лица со оштетен вид, од “Лајонс“ клубот Битола и од други институции. Ние во престер на Денот на лицата со попреченост организираме исложби, но тоа не го правиме секојдемевно, преку проекти во сите денови во годината. Денес се изложени десет дела кои сакаме да ги почуствувате, зад кои стои голема екипа и секогаш им се заблагодаруваме. Посебно на младите уметници Горазд Николовски и Ана Николовска кои имаа задача да ви ги доловат оргиналните дела кои што ги имаме во нашата поставка. Покај делото има и текст со Брајово писмо кои го подготвува Андријана Шокололаровска, а QR кодови и NFC тагови ги изработи м-р Јове Парговски кој долги години ги работи и усовршува, кои ве носат до аудитото кои го чита Силвана Петровска – Насух и видеото кои го прави м-р Катерина Шарковска.Во име сите присутни од здружението на лица со попречености Весна Софрониевска, која е и соработник во проектот, а рече: -Ќе бидам многу кратка и ќе кажам едно големо благодарам на луѓето во Музејот, но ние најчесто контактираме со Ирена и со Јове и ќе ги замолам останатите да не ни се налутат, не дака нив помалку ги почитуваме, но со нив навистина другаруваме. Зато сакам да кажаме едно големо благодарам. Порано музејот за нас беше место каде што бевме безмалку, апсолутно изгубени во просторот и времето, и скоро на се пишуваше, гледај и не допирај. Денес не е така, концептот се смена и сега е: допирај и уживај, еднакво како и сите други. Затоа уште еднаш, Ви благодариме Јове и Ирена и на сите вработени во Музејот во Битола.Чест да ја отвори изложбата ја имаше малата девојка Вероника Кочов која на свој посебно емотивен начин го стори тоа и не ја пропушти можноста да им се заблагодари на сите. За делата се подготвија и дигитални анимации прилагодени за лица со интелектуална попреченост, кои дополнително ќе бидат промовирани. Планирани се поединечни работилници со повеќе помали групи и посетители со различни видови попреченост.Дел од уметничкиот и стручен тим: Јана Николовска- уметник, Горазд Николовски- уметник, Владимир Ивановски- дигитален уметник, м-р Јове Парговски- ИТ (NFC и QR ) , Андријана Шокларовска- текст на брајово писмо, техничко опремување- Кочов Горан Аудио наратор Силвана Петрова Насух, Катерина Шарковска- знаковен јазик, Мими Марковски- снимател.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »