-До кога до најградскиот град во државата Битола ќе се случуваат “селски работи“, се прашуваат битолчани.
Општина Битола на 25 ноември сооошти дека во месноста “Областа“, на улица „Нико Фундали“, изведени се три нови игралишта на вкупна површина од 629,27 м², а комплексот содржи детско игралиште, мало кошаркарско игралиште и мало фудбалско игралиште.
Но, за жал како и бидува кај нас, ништо не ни трае, така и кошот на кошарското игралиште, кој викендов бил искршен од хулигани и вандали. Жителите кои ни ги испратја фотографиите велат дека вчера забележале дека кошто е домолиран.
До кога?, прашуваат, се што ќе се направи ќе се искрши, ќе се вандализира, и до кога до најградскиот град во државата ќе се случуваат “селски работи“.
Инаку, на детското игралиште е поставена соодветна урбана опрема и реквизити, а подлогата е изработена од дробеник (шљунак). Кошаркарското и фудбалското игралиште се опремени со модуларни подлоги и соодветна урбана опрема. Вкупната вредност на договорот за реализација на проектот изнесува 2.666.219 денари.
Сашо Ристевски






